Човек кој тврди дека има 145 години: Само сакам да умрам!

Човек од Индонезија, тврди дека е најстариот жител на светот.

Според документите во Индонезија признати како автентични, Мбах има 145 години и е роден на новогодишната ноќ во 1870 година, пишува The Sun. Ги надживеал своите десет браќа и сестри, како и четири жени од кои последната почина во 1988 година.

Починаа сите негови деца па тој сега живее со внуци, пара внуци и пара-пара внуци.

Ако документи што ги покажува Мбах се точни,  тогаш тој е најстариот човек на светот, а како што е познато, рекордот претходно го држеше французинката Жан Калмент, која живееше 122 години. Сепак, иако во Индонезија неговите документи се признати, никој се уште нема потврдено со сигурност дека податоците во нив се вистинити.

“Јас само сакам да умрам” – рече Мбах минатата недела во телевизиско интервју.

Внукот на стариот човек истакна дека неговиот дедо смртта ја чека од своите 122 години.

Овие денови Мбах времето го поминува главно во слушање радио, а последните три месеци внуците го хранат и бањаат, бидејќи ослабнал многу.

Кога го прашале што е тајната на долговечноста, Мбах одговарил:

– Само бидете трпеливи – рекол тој.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e