Сигурни сме дека кога прв пат го отворивте вашиот профил на социјалната мрежа Фејсбук, внимателно ги биравте сите ваши пријатели, но подоцна како целиот тој процес да излезе од контрола, па сега на “времепловот” ќе сретнете луѓе со коишто воопшто не ни разговарате или не ве интересира што прават во животот.
Па, за да не бидете претрупани со непотребни информации, ова се 9 типови на луѓе кои треба што поскоро да ги избришете од Фејсбук.
1. Фалбаџијата
Иако понекогаш е забавно да ги гледате неговите фотографии од егзотичните дестинации, нивните постојани објави за спектакуларниот начин на живот кој го водат со текот на времето ќе почнат да ви одат на нерви.
Откачете ги сите оние кои прават да се чувствувате виновно за едноставните работи со кои сте благословени или оние кои прават да се чувствувате ултра лошо за вашиот живот, затоа што секој има свои убавини за коишто вреди да се живее.
2. Кавгаџијата
Тој или таа ја користи оваа социјална мрежа како платформа за сите свои расправии. Понекогаш намерно завземаат контраверзен став, само за да можат да ги гледаат илјадниците коментари на својот статус и да се чувствуваат “важни”. Бришете ги!
3. Учесниците во “реални шоуа”
Овие луѓе ја сакаат драмата и не се плашат да ја покажат на социјалните мрежи, па често нивниот профил наликува на телевизиско реално шоу. Се расправаат со своите родители на статуси, пишуваат секогаш кога ќе се скараат со партнерот или го вадат “валканиот веш” на пријателите кои им згрешиле.
4. Мистериозните
Што е полошо од оние кои ја прикажуваат цела драма на социјалните мрежи? Оние кои го прават тоа со “скриени” пораки во стилот “Не ми се верува што можат да направат некои луѓе”. Овие луѓе навидум се многу приватни, но сепак не ја пропуштаат можноста за привлекување на внимание преку своите криптографски пораки.
5. Гејмерот
Не вистинските гејмери кои посветено играат видео игри, туку оние кои ќе ве замараат постојано за “уште еден живот” на “Candy Crush”. Ви препорачуваме од корен да ги избришете сите комуникации со ваквите личности, доколку не сакате да бидете преплавени во море од иритантни покани за разни Фејсбук игри.
6. Прегордите родители
Сите ги знаете нив – таткото кој секојдневно ги објавува достигнувањата на своето дете или мајката која објавува по 1258 фотографии на ден, затоа што нели – нејзиното дете е најубаво. Разбираме, сите си ги сакате децата, но една симпатична фотка неделно е сосема доволна.
7. Критичарот
Тие секогаш се првите кои ќе ве искритикуваат за сѐ што ќе кажете или објавите. Супер е да се вклучите повремено во некоја онлајн дебата, но нивните саркастични и критикувачки коментари понекогаш навистина знаат да ве извадат од кожа. Избришете ги уште денес!
8. Шефот
Добро, не знаеме зошто воопшто го имате шефот на Фејсбук, но доколку сте ја направиле таа грешка време е да ја исправите. Вашиот надреден нема потреба да гледа сѐ што правите во вашиот приватен живот надвор од канцеларијата, бидејќи пијанчењата со пријателите или секси пирсот на стомакот едноставно не се работи кои тој треба да ги знае за вас.
9. Странецот
Сигурни сме дека имате “пријатели” на Фејсбук со кои не би прозбореле ни два збора во живо, па пролетното чистење на вашиот профил треба да вклучува отстранување на таквите личности. Приватноста е нешто што треба да си го цените, па нема потреба да споделувате некои работи со потполни странци. А, и ако ги избришете сигурно нема ни да забележите после некое време дека ги немате на листата на пријатели.