5 работи кои не треба да ги јадете пред да пиете алкохол!

Зимските празници се денови кога знаеме да се опуштиме, да не’ понесе еуфоријата и да испиеме по некоја чашка алкохол повеќе…

За полесно да го поднесете сево ова и наредното утро да не се каете што сте се разбудиле, обрнете внимание да ги избегнувате овие 5 прехранбени намирници:

1. Солени грицки


Една од најлошите работи што алкохолот ги прави на вашиот организам е дехидрацијата, а солените грицки дополнително придонесуваат за ова. Наместо тоа, обидете се да грицкате нешто што содржи вода, како на пример краставици.

2. Салата


Не се оди во битка со празна пушка, исто како што не се пие алкохол на празен стомак. Салатата не најадува многу, па ако тоа е вашиот избор пред да излезете во град, барем нека биде цезар салата што содржи пилешко месо или нешто друго што “ќе ве држи”.

3. Суши


Жива риба + солен соја сос што дехидрира + алкохол = најлошиот мамурлак во вашиот живот.

4. Помфрит


Голема порција вкусен помфрит звучи примамливо, но огромната количина на мрснотии во комбинација со алкохол може да предизвика сериозно повраќање.

5. Зачинета и лута храна


Размислете – ако зачинетата и лута храна го вознемирува желудникот кога сте трезни, негативниот ефект е дуплиран кога сте пијани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e