35 години Олимпиа Моторс

Нашите почетоци пред 35 години беа врвни сервис услуги, затоа денес стискаме рестарт и почнуваме повторно одново! Нашето истражување и анализа јасно покажа дека денес секој може да продава возила – особено нови, бидејќи клиентите се поедуцирани од кога и да е и точно знаат што бараат. Како највлијателен фактор се покажа цената. И заради наведените факти, клиентите веќе однапред имаат донесено одлука дали ке возат ново или половно возило. Во последно време тренд се возила со старост од 2 до 4 години од повисоката класа, – велат од компанијата.

Целта на Олимпиа Моторс е да изгради премиум сервис за ОПЕЛ возила во кој ќе ги надмине сите бариери со кои се соочуваат клиентите денес кога треба да го сервисираат својот автомобил – особено делот на доверба и транспарентност во работењето.

“ Анализата ни покажа дека досегашното време инвестирано во продажба, е многу паметно и корисно, комплетно да го насочиме во сервисното работење со цел нудење на поквалитетна услуга и безбедни возила на највисоко ниво. Токму затоа нашата посветеност кон клиентите преку 80% во продажба и 20% во понатамошна грижа, го менуваме на 20% во продажба и 80% во нега на возилата на нашите клиенти.

Нема место за никакви сомневања дека сме или доживуваме некаква финансиска криза, напротив по толку поминати анализи на новите предложени бизнис планови за развој во сервис сегментот, донесовме одлука која навиудм изгледа тешка, но впрочем испадна дека е лесна и многу корисна за мене и сиот мој тим. Олимпиа Мотор наскоро ќе стане првиот независен овластен сервис за Опел во Македонија и секако мултибренд каросериски сервис”, изјави Светлана Пљакоска, сопственик на Олимпиа Моторс.

unnamed

Пљакоска додаде дека истражувањето коe Олимпиа Моторс го сповелo во текот на изминатата година, дало јасен показател дека најголемата загриженост кај клиентите се појавува кога станува збор за сервис.

Новитети кои ке ги понудиме особено за правните лица, чиј возен парк е еден од најголемите трошоци е “пакет за управување и флит менаџмент систем за одржување и оптимизирање на трошоци на возниот парк”. Истото ќе го направиме преку нудење на соодветни пакети на одржување, целокупно превземање од наша страна на грижата за целиот возен парк од клиентот, генерирање на извештаи во секое време за состојбата на возниот парк и планирани трошоци, преку што ќе понудиме оптимизирање на ресурсите и најдобро решение за компанијата”, напомена Пљакоска.

unnamed (1)

Со инвестициите направени во 2016 година, Олимпиа Моторс го зголеми капацитетот од + 30%  и досега отвориле 2 нови работни места.

Една од карактеристиките на Олимпиа Моторс Опел Сервисот е 100% транспарентност и следење на поправките на возилата од страна на клиентите преку видео надзор кој со логирање од страна на клиентите имаат пристап до live streaming во сервисот. Дополнително покрај воведувањето на 100% увид во сервисната историја на возилата, а која доста од клиентите кои се ОПЕЛ корисници не ја знаат, се воведуваат и нови унапредени услуги како:

Експрес сервис со унифицирани цени и закажување на термин веднаш, смарт поправки или мали каросериски флеки и поправки за сите типови возила, 24h Olympia Motors Call Centar за сите клиенти со прашања, настанати дефекти или прашања по основ на несреќен случај.

Од Олимпиа моторс најавија и многу нови планови за 2017 та година, кои дефинитивно наведуваат дека намерите на компанијата се да развијат сериозно професионален концепт на сервисни услуги. Заменско возило за сите поправки во каросерија, формирање на Олимпиа Опел Клуб со бенефиции при користењето на нашите сервис услуги, креирање на пријателски круг со осигурителни компании и креирање на полесен процес за процена на штета, како и креирање на канал за комуникација преку кој ќе бидат пренесувани корисни совети за нега на вашите возила се само дел од новитетите кои клиентите на Олимпиа Опел сервисот ќе може да ги уживаат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e