13. годишно момче изградило куќа за помалку од 1500 долари: Во неа има сè, а еден детаљ ќе ве воодушеви

Пред нешто повеќе од една година 13. годишниот Лук Тил од САД започнал да гради куќа за себе, бидејќи сакал да има простор кој ќе биде само негов. Ја изградил во дворот на куќата на своите родители за само 1.500 долари.

Неговото тинејџерско катче од 8 м2 го краси мала дневна соба со телевизор и спална соба со поткровје. Во својата куќа Лук најчесто пишува домашни задачи, а неколку пати неделно и спие во неа. Понекогаш го посетуваат пријатели, па прави палачинки на малата кујнска плоча.

На идејата да направи своја куќа, вели, во текот на долгите летни месеци кога се досадувал. Почнал да истражува како да ја направи за мали пари.
Најпрво морал да смисли како тоа да го финансира, но и тоа го решил на одличен начин.

Им помагал на соседите во замена за пари или материјалите кои му биле потребни за изградба, или дури и за некои услуги. На пример, во пресрет му излегол еден електричар кој му спровел струја во куќата, во замена за чистење на гаражата.

Дури 75 проценти од материјалот, кој Лук го искористил за градба, е рециклиран.

Куќата има се што и е потребно. Не е споена на водовод, но детето нема проблем околу тоа.

– Сакам минимализам и сакав да имам сопствена куќа без огромна хипотека – рекол тој.

Неговиот татко Грег веднаш на почетокот му рекол дека го поддржува, но само во случај ако успее сам да собере пари и да изгради куќа каква што замислил.

– Беше тоа можност детето да направи нешто повеќе од играње видео-игри, и да научи некои лекции од животот – рекол гордиот татко.

Детето на застанува со оваа куќа. Веќе размислува за студентските денови – има идеја да направи нешто поголема мобилна куќа во која ќе живее додека студира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e