Во Милано убиен осомничениот за нападот во Берлин

Човекот осомничен за нападот во Берлин, идентификуван како Анис Амри, убиен е во пукотница во Милано, јави Reuters, цитирајќи извори од италијанските безбедносни служби.

Наводно, Амри бил сопрен во контрола на сообраќајот околу 3 часот наутро, но веднаш припукал кон полицијаците.

Млад полицаец, кој работи само девет месеци во полицијата, возвратил и го убил, а во пукотницата и самиот е ранет во рамото, пренесува италијанскиот весник Panorama.

Се очекува за кусо министерот за внатрешни работи на Италија, да одржи прес-конференција.

Амри пред неколку дена, влета со украден камион во луѓето на новогодишен бараз во Берлин при што уби 12 луѓе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e