Жестока претседателска дебата: Клинтон и Трамп го имаа првиот ТВ Дуел

Претседателските кандидати во САД, Хилари Клинтон и Доналд Трамп, синоќа го имаа првиот телевизиски дуел на кој во “наелектризирана атмосфера” разменија мислења за даноците, работните места, националната безбедност, тероризмот и нуклеарното оружје.

На 90-минутната дебата, во организација на NBC, кандидатите зборуваa за визии за иднината, економијата, надворешната политика, но и други прашања како што се даночните пријави на Доналд Трамп или електронската пошта на Хилари Клинтон.

Интересот за дебатата беше огромен, а го пратеа стотици милиони луѓе преку сите национални телевизиски станици, како и на Ју Тјуб и Твитер.

Трамп насилно ја нападна Хилари Клинтон, по прашањето на транспарентноста, наведувајќи дека ќе објави информации за неговиот приход кога таа ќе ги покаже повеќето од 30.000 избришани e-маилови од личниот север кои ги има користено во време додека беше државен секретар.

Повеќето критики кон Трамп беа од лична природа, а со тоа се проценува дека Хилари Клинтон нема енергија за претседател, потенцираше републиканскиот кандидат.

“Мислам дека Клинтон нема енергија и сила да биде претседател. А тоа е она што треба да го има претседателот на САД кога преговара со нашите сојузници. Клинтон може да има многу искуство, но нема добро искуство”, вели Доналд Трамп.

Демократската кандидатка ја искористи можноста да потсети на контроверзните изјави на Трамп за жените.

Таа рече дека Трамп ја гради својата политичка кариера на “расистички лаги” доведувајки ја во прашање националноста на актуелниот претседател Барак Обама.

“Како што призна Доналд, тој знаел дека ќе добие вакво прашање (за Барак Обама). Тој ја заговара тезата дека нашиот прв црн претседател не е американски државјанин. Тоа е расистичка лага”, изјави Хилари Клинтон.

Трамп одговори дека Клинтон кон Обама се однесувала без никаква почит.

Според мислењето на Трамп, САД не може да бидат “полицајци во светот.”

“Сакам да им помогнеме на сите наши сојузници, но ние губиме милијарди и милијарди долари. Не можеме да бидеме светски полицајци да ја заштитиме земјата од целиот свет, кога тие не ни плаќаат на нас”, изјави Трамп.

Говорејќи за нуклеарното оружје, Трамп изјави дека САД “не е во чекор со Русија”, додека Хилари Клинтон истакна дека “зборовите имаат тежина во кампањата” и им кажа на сојузниците дека САД ќе ги почитува постојните договори за заемна одбрана.

Кандидатот на републиканците, рече дека тој е во состојба да креира нови работни места, како и дека неговиот ривал не е способен за истото.

Хилари Клинтон, пак, рече дека САД мора да изгради економија која ќе биде за секого, но не и за оние кои се на врвот.

“Сакам фер економија, подобра минимална плата и родовата еднаквост”, рече таа.

Синоќа се одржа првата од трите телевизиски дебати во пресрет на претседателските избори во ноември во САД.

Според rilklirpolitiks сајтот (RealClearPolitics), која ги акумулира истражувањата, Клинтон во пресрет на ТВ дуелот во анкетите, во просек, има предност од 2,8 отсто во однос на Трамп.

Вашингтон пост ја опиша борбата помеѓу Клинтон и Трамп како “мртва трка”, откако ги објави резултатите од анкетата според која Клинтон има предност од два отсто.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e