Застрелан Здравко Мамиќ

Претпладнево е извршен атентат на Здравко Мамиќ, советник на фудбалскиот клуб Динамо Загреб.

Непознат напаѓач во претпладневните часови кај Томиславград пукал на првиот човек на Динамо Загреб, кој е ранет во пределот на натколеницата.

Според последните информации, напаѓачот веднаш побегнал, а наводно пукал кон Мамиќ во време додека тој бил на гробот на својот татко на кого му одбележувале годишнина од смртта.

Од Клиничкиот центар во Томиславград потврдуваат дека е примен Мамиќ со прострелна рана во десната натколеница, и е надвор од животна опасност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e