Вучиќ преживеа сообраќајна несреќа

Три млади лица се удриле со „Бентли“ во моторизираната придружба на српскиот претседател Александар Вучиќ, погодувајќи го токму неговиот автомобил, пишува српски Blic.

Трите лица се уапсени и се обвинети за закана по безбедноста на претседателот. Според српскиот весник „Политика“, тоа не е напад, туку инцидент. Лицата ќе бидат 48 часа во притвор по што ќе бидат испрашани утре во Јавното обвинителство.

Сведоци раскажуваат дека возилото „Бентли“, кое било со шпанска регистрација, се движело со голема брзина на кружен тек, и автомобилот „дрифтал“ (брзо вртење под полн гас, за гумите да шкрипат – н.з.) по што се удрил токму во автомобилот на Александар Вучиќ.

Сите тројца притворени и се познати на српската полиција, имаат повеќе криминални дела зад себе. Траги на кокаин се пронајдени во крвта на возачот.

Колоната, со која претседателот се движел, имала три автомобили и неговата била на чело. При ударот бил блокиран вториот автомобил во кој полициските службеници се нашле заглавени.

Тројцата кои биле во „Бентлито“ работеле како телохранители во популарен ноќен клуб во српскиот главен град.

Во сведочењето пред полицајците тие објасниле дека го зеле луксузниот автомобил од познат српски фудбалер, чест клиент на локалот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e