Вучиќ: Jа следиме состојбата во Македонија, но не се мешаме во внатрешните работи на соседите

Српскиот премиер Александар Вучиќ изјавил дека Србија ги следи состојбите во земјите од регионот и дека ќе направи сè за да ги зачува мирот и стабилноста, но и дека нема да се меша во внатрешните состојби на своите соседи, пренесуваат српските медиуми.

Вучиќ рекол дека Србија ја следи состојбата во Македонија, како и во Босна и Херцеговина, но дека нема да се меша во внатрешни работи на овие земји и ова е „фер и коректен став“. Српскиот премиер оценил дека Белград секогаш имал коректни односи со Скопје, но дека никогаш нема да дозволи некој да ја понижува Србија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e