Воз на водород ќе ги замени сите 4.000 дизел возови во Германија

Во Германија ќе биде претставен првиот воз во светот кој испушта нула штетни гасови и кој ќе работи единствено на водород.

Возот наречен Coradia iLint при работата ќе го испушта само вишокот на пареа во атмосферата, а се претпоставува дека ќе ги замени сите 4.000 возови кои моментално сообраќаат низ Германија и работат на дизел.

Локалната влада на Долна Саксонија веќе нарачала 14 вакви возови од француската компанија Alstom, а се претпоставува дека ваквиот тренд ќе почнат да го следат и останатите управни области во Германија, доколку зделката се покаже како успешна, известуваат од Die Welt.

Тестирањето треба да заврши до крајот на годинава, а лансирањето на првата серија на возовите е закажано за во декември 2017. Возот бил претставен за првпат на саемот InnoTrans во Берлин, во август годинава, како првиот воз во светот кој ќе работи на водород и ќе служи за комерцијални патувања на долги релации.

Холандија, Данска и Норвершка исто така пројавија интерес за ваквиот тип на воз.

hydrogen-train2-600x361

Возот iLint се напојува од големи литиумски, јонски батерии кои примаат енергија од резервоарот со водород поставен врз возот. Хидра – возот ќе минува околу 500 милји дневно со брзина од 87 милји на час, а единствениот звук кој ќе го испушта ќе биде од тркалата и свирката.

„Alstom се гордее со лансирањето на оваа напредна иновација во полето на чистиот транспорт. Ова сведочи за нашата способност за блиска соработка со нашите клиенти и производство на вакво решение во рок од само две години“ – стои во официјалната изјава на Анри Лафарж, извршниот директор на Alstom.

Енергијата од водород се произведува кога водород согорува со кислородот, кога се добиваат огромни количини на енергија, а споредниот производ на ваквиот процес е всушност – вода!

НАСА користи течен водород за лансирање на своите ракети во вселената уште од 1970тите години. Огромниот облак кој се создава при лансирањето на една ракета, не е чад, туку напротив, пареа. Ваква пареа, но во значително помали количини, ќе испуштаат и хидро-возовите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e