Во САД семејство го тужи Apple поради смртта на ќерката во сообраќајка

Брачна двојка од американската сојузна држава Тексас ја тужи технолошката корпорација Apple, обвинувајќи ја за вмешаност во смртта на нивната петгодишна ќеркичка во сообраќајна несреќа.

Како што пренесува телевизиската мрежа ABC News, сообраќајната несреќа за којашто станува збор се случила во декември 2014 година во близина на градот Далас.

Џејмс и Бетани Модизет заедно со двете ќеркички со нивниот автомобил патувале по автопат и забележувајќи полициска операција го забавиле возилото. Возачот на автомобилот кој се движел зад нив, извесен Гарет Вилхелм, не забележал дека тие запреле, и бидејќи во тоа време комуницирал преку сервисот FaceTime со голема брзина удрил во нивното возило. Во инцидентот сите членови на семејството Модизет се здобиле со сериозни повреди, а една од ќерките лекарите не успеале да ја спасат.

Според извештајот на телевизијата, сопружниците Модизет поднеле пред Високиот суд на Калифорнија тужба против Apple на 23-ти декември минатата година, обвинувајќи ја компанијата затоа што на своите уреди не инсталирала сигурносна конфигурација, а исто така не предупредувала не само за опасноста од користење на нивните производи, туку и е дека е неисправно нивното користење при големи брзини, и покрај тоа што за тоа веќе постоеле сите неопходни технички карактеристики.

Претходно Вилхелм бил обвинет за убиство од небрежноста и осуден на затворска казна. Тој излегол на слобода во август 2016 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e