Во Колумбија уништени 104 лаборатории за производство на кокаин

Колумбиските власти во џунглата уништија повеќе од сто илегални лаборатории за производство на кокаин, а се верува дека парите од продажбата им биле доставувани на бунтовниците, соопшти денеска војската.

Во текот на петдневната операција се уништени 104 лаборатории, наведе војската, нагласувајќи дека со оваа акција е извршен силен удар врз финансирањето на припадниците на Револуционерните вооружени сили на Колумбија (ФАРК). 

Уапсени се три лица и запленети се 1.745 килограми кокаин.

Владата во јуни со ФАРК потпиша спогодба за прекин на огнот, кој подразбира и борба против трговијата со дрога.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e