Во бомбашки напад на Синај, убиени пет полицајци

Пет полицајци загинаа, а десетмина се повредени при напад врз контролен пункт во северниот дел на Синај, соопшти денеска египетската полиција.

Како што јавуваат египетските медиуми, меѓу повредените има и цивили.

Полицијата нагласи дека напаѓачите подметнале бомба во едно возило, а од експлозијата целосно се уништени три ката на контролната зграда.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e