(ВИДЕО) Запалиле огромен пожар во Монте Карло за да можат без проблем да го ограбат „Картие“

Вооружени ограбувачи вчера нападнале продавница за накит од брендот „Картие“ во Монте Карло. За да го одвлечат вниманието, тие запалиле огромен пожар кој се наоѓа во близина тунелот. Најмалку еден од ограбувачите е повреден во престрелката со полицијата.

Грабежот наликувал на холивудски акционен филм. Стотици туристи го гледале чадот што излегувал од тунелот на познатата трка во Формула 1. Гостите во околните кафулиња, продавници и казина морале дел од попладнето да останат во нив, а полицијата им порачала дека е најбезбедно да не се движат низ градот. “

Додека спасувачките служби се обидувале да го изгаснат огнот, најмалку тројца ограбувачи влегле во продавницата, лоцирана на светски познатиот плоштад на казина и избегале со огромен плен.

Во мај 2015 година бутикот за накит на „Картие“ во францускиот град Кан беше нападнат од разбојници, кои успеаја да се офајдат со драгоцености вредни над 15 милиони фунти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e