(ВИДЕО) Загина синот на сопственикот на „Џамбо“, усмрти мајка и дете

Страшна сообраќајна несреќа ја потресе Грција. Според надзорните камери на автопатот, синот на сопственикот на грчкиот синџир продавници „Џамбо“, Џорџ Вакакис, загубил контрола врз своето возило и во смрт однесе четири човечки животи.

Инцидентот се случи вчера попладне на автопатот Атина – Ламија, кога Вакакис со својот автомобил со огромна брзина удрил во паркирано возило марка “Хонда“ во кое се наоѓале 33 годишна жена и нејзиното три годишно дете. Страшна судбина за татко и сопруг кој пред своите очи ги загуби сопругата и детето.

Возачот на автомобилот хонда излегол од возилото и само неколку минути подоцна се случил удар кој предизвикал експлизија. Видел огромен пламен и чад, но било предоцна. Во сообраќајната несреќа, животот го загубил и сопатникот на Вакакис, кој од ударот излетал од автомобилот.

„Страшно е. Семејството чекаше на паркингот. Дури и не беа на автопатот. Од ударот се слушна само експлозија, а кога возачот на „хондата“ излезе виде два автомобила како горат. Се стрча да им помогне на жената и на детето, но тоа беше невозможно“, изјави еден од сведоците на несреќа.

Според грчките медиуми, 24 годишниот Вакакис пред неколку дена се вратил на одмор во Грција од Мајами каде што студира. Телото на младото момче е пронајдено во самиот авотмобил, целосно јагленисано, додека телото на неговиот пријател е пронајдено десетина метри подалку од местото на самиот инцидент, бидејќи од силниот удар тој излетал од возилото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e