(ВИДЕО) Тепачка меѓу обезбедувањето на Ердоган и демонстранти во САД

Девет лица се повредени, а две уапсени, после судирот пред резиденцијата на турскиот амбасадор во Вашингтон.

Портпаролот на противпожарната служба во Вашингтон, Даг Бјукенон, изјави дека две лица се потешко повредени и пренесени во болница.

Според изјави на сведоци, до судирот дошло кога членови на обезбедувањето на турскиот претседател, кој се наоѓа во посета на претседателот на САД, Доналд Трамп, ги нападнале демонстрантите кои мавтале со знаме на курдската Партија за демократско единство, чие седиште е во Сирија.

Телевизиската мрежа ЕН-БИ-СИ наведува дека Ердоган во тој момент се наоѓал во резиденцијата.

Претходно портпаролот на локалната полиција изјави дека тепачката се случила меѓу две групи, не наведувајќи повеќе детали. Тој додаде дека две лица се уапсени, а едно од нив е обвинето за напад врз полицаец.

Судирите избија вчера, само неколку часа по средбата меѓу Ердоган со американскиот претседател Трамп.

Агенцијата Тас јавува дека не е познато која група ја почнала кавгата.

Полицијата го запрела сообраќајот, а на помош пристигнале и пожарникари и амбулантни возила.

Извор: Нова ТВ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e