(ВИДЕО) Тепачка и димни бомби во албанскиот Парламент

За време на пленарната седница на Парламентот во Тирана, на која се гласаше за назначување на Привремен јавен обвинител, се создаде тензична атмосфера меѓу претставниците на власта и на опозицијата, која резултираше со физичка пресметка и со фрлање на неколку димни бомби. Гласањето по точката беше спорно за опозицијата која тврдеше дека таквиот чекор е противуставен.

И покрај се, власта ја изгласа Арта Марку за Привремен јавен обвинител.

Извор: Алсат М

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e