Видео од ликвидацијата на Ким Џонг-нам

Снимка од смртоносниот напад на аеродромот во малезиската престолнина Куала Лумпур врз Ким Џонг-нам, братот на севернокорејскиот диктатор Ким Џонг-ун, објавени се на сервисот YouTube.

На снимката се гледа маж, најверојатно им Џонг-нам, кому од грб му приоѓа жена, го фаќа за глава и го држи неколку секунди и бега во спротивен правец. Потоа жртвата се упатува кон службеник на аеродромското обезбедување покажувајќи на своето лице и заедно со него одат кон стационар.

Нападот врз Ким Џонг-нам се одигра на 13-ти февруари, а набрзо беше прогласен за мртов. Тој од Куала Лумпур требало да лета за Макао, каде што во егзил живее повеќе години со семејството. Малезиската полиција во четвртокот го уапси четврто лице осомничено за убиството на 40-годишниот Ким Џонг-нам, полубратот на северноорејскиот комунистички диктатор Ким Џунг-ун, и според локалните медиуми станува збор за 47-годишен државјанин на Северна Кореја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e