Убиство во Србија: Загина водачот на навивачите на Партизан

Александар Станковиќ (29), познат како Сале Мутави и претставен во јавноста како еден од водачите на Партизан, беше убиен во четвртокот вечер во Белград. – објави Б92.

Станковиќ бил убиен при влез во неговиот автомобил марка “Ауди”.

Во тој момент бил сериозно ранет и човек со иницијали М.Џ за кого белградските медиуми објавија дека бил чувар во централниот затвор.

Исто така, се шпекулира дека до неодамна бил вработен во Министерството за правда, но си дал отказ и работел како телохранител на убиениот Станковиќ.

Во соопштението на Министерството за внатрешни работи се вели дека престрелката се случила околу 21часот, дека е убиен еден човек и едно лице е повредено, додавајќи дека се трага по сторителите на ова кривично дело.

ubistvo-5_620x0

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e