Турските власти го уапсија братот на Ѓулен

Кутбетин Ѓулен е пронајден од полицијата во домот на негов роднина во округот Газиемир, во западната турска покраина Измир.

Кутбетин е обвинет за „припадност на вооружена терористичка организација“.

Во јули турските власти го уапсија внукот на Фетулах Ѓулен, Мухамед Саит Ѓулен во Ерзурум а другиот внук Ахмет Рамиз Ѓулен, беше уапсен во август во градот Газиантеп.

Во Турција, по неуспешниот обид за пуч се приведени повеќе од 30 илјади лица.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e