Турција остро реагираше на барањето на САД да се повлече турската армија од Ирак: Ние не слушаме туѓи наредби

„Ние нема да ги размстуваме нашите сили по туѓи наредби. Нашите трупи остануваат во Ирак се додека Исламската држава е во Мосул“.

Откако деновиве реагираше ирачкиот премиер и ги повика турските војници да го напуштат Ирак затоа што таму се нелегално и го нарушуваат територијалниот суверенитет на ирачката држава, деновиве истото тоа го побараа Американците.

Иако „не баш претерано гласно“, сепак и Американците побараа турската војска да се повлече од територијата на северен Ирак, затоа што на тој начин го прекршува суверенитетот, територијалниот интегритет и учествува во окупацијата на тој дел од ирачката територија. Сепак, Турција нема намера да ја повлече својата војска од Ирак.

Имено, заменикот на турскиот премиер, Нуман Куртумлуш изјави во разговорот за турската државна новинска агенција „Анадолу“ дека Турција нема да ги поместува своите трупи „по наредба на други земји“.

Başbakan Yardımcısı ve Hükümet Sözcüsü Numan Kurtulmuş

Заменикот на турскиот премиер, покрај тоа изјави дека „Турската воена присутност во кампот Башика ќе биде постојана се додека џихадистите на Исламската држава не бидат протерани од ирачкиот град Мосул“.

Со други зборови, заменикот на турскиот премиер на регионалните, но и на светските сили им порача дека Турција нема да ја промени својата намера, односно нивната армија ќе биде присутна во Ирак и никој нема да може да ги натера да си заминат.

turcija-irak-sad-naredba-tocka-2016-02

Да потсетиме, турската војска во воениот камп Башика, недалеку од ирачкиот град Мосул кој е под контрола на ИСИС ги обучува ирачките сунитски сили и курдските „Пешмерга“ борци и сака и тие да учествуаат во претстојната, долго најавувана битка за ослободување на најголемиот ирачки град на северот на државата.

Според аналитичарите, ова значи дека Турција сака да учествува во битката за заземањето на Мосул, па дури и преку свои посредници, а тоа е сценарио кое што властите од Багдад во неколку наврати го имаат наречено „апасолутно недозволиво“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e