Трамп: Путин е подобар лидер од Обама

Иако не застанаа еден спроти друг, Доналд Трамп и Хилари Клинтон вчера го имаа првото соочување во рамките на претседателската кампања. Трамп повторно успеа да го привлече вниманието со контроверзни ставови. – пишува Доче Веле.

Доналд Трамп оцени дека рускиот претседател Владимир Путин е подобар лидер од американскиот претседател Барак Обама за време на телевизиска дебата на која учествуваше и кандидатката на демократите за претседател на САД, Хилари Клинтон. Дебатата ги извади на виделина клучните слабости на двајцата кандидати. Трамп мораше да се брани од обвинувањата дека не е подготвен да биде врховен командант, а Клинтон да објаснува дека скандалот со нејзината електронска пошта не открива проблематична проценка.
Изјава на денот, сепак беше повторното фалење на Путин од страна на Трамп.
„Тој човек има многу силна контрола врз земјата. Тоа е различен систем и мене не ми се допаѓа, но секако, во таков систем, тој е лидер, далеку повеќе одошто нашиот претседател е лидер“, рече Трамп.

Целиот текст прочитајте го тука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e