Трамп ќе положи заклетва и пред Библијата што му ја подарила мајка му

Доналд Трамп ќе положи заклетва како претседател на САД пред две Библии – неговата, подарена од мајка му во 1995 година и онаа што била користена од Абрахам Линколн пред век и половина.

Церемонијата на заклетвата ќе биде водена од претседателот на Врховниот суд, Џон Роберт.

Во 2013 година, при полагањето на заклетва за вториот претседателски мандат, Барак Обама ја подигна десната рака, а левата ја постави врз две Библии – едната користена од Абрахам Линколн при стапувањето на должност во 1861 година, а втората што му припаѓала на Мартин Лутер Кинг, борецот за граѓански права во текот на 50-тите и 60-тите години од минатиот век.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e