Трамп ја губи поддршката од Американците

Популарноста на американскиот претседател Доналд Трамп достигна нов минимум – само 33 отсто од Американците ја одобруваат неговата работа. Ова го покажа денеска објавената анкетата на Галуп.

Според истражувањето, спроведено на 29 октомври, 33 отсто од испитаниците изјавиле дека го поддржуваат  Трамп, а 62 процента ја оцениле неговата работа со лоша оценка. Во анкетата учествуваа 1.500 луѓе.

Во периодот 26-28 октомври, поддршката за Трамп беше 35 проценти. Овој индикатор во октомври не надмина 39 проценти.

Претходниот низок рејтинг на Трамп беше регистриран на 14 август, кога тој доби поддршка од 34 отсто од Американците, додека 61 процент беа против него.

Најголема поддршка за американскиот претседател, не сметајќи ја првата недела во Белата куќа, беше регистрирана на 11 март, кога 45 отсто од Американците ја одобруваа неговата работа. Спротивно мислење имале 49 отсто.

Минимумот на неговите претходници, демократите Барак Обама и Бил Клинтон, не падна под 38, односно 37 отсто. А, Џорџ Буш имал рејтинг и од 25 проценти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e