Суспендираната претседателка Русеф сведочи пред Сенатот на Бразил

Дилма Русеф, суспендираниот претседател на Бразил која е обвинета за незаконско манипулирање со буџетот на државата пред последните претседателски избори, денеска сведочи пред сенатот на Бразил во расправа за импичмент.

Според Русеф, станува збор за „државен удар“ на опозицијата и на нејзините политички противници и ги отфрла ваквите обвинувања.

Деновиве, Сенатот треба да гласа дали таа ќе биде трајно отстранета од функцијата или ќе биде вратена во претседателската канцеларија.

Таа исто така е обвинета и за обидот да ја попречи правдата во случајот против поранешниот претседател Лула де Силва, како и за вмешаност во корупцискиот скандал во државната компанија „Петробрас“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e