Синот на Фидел Кастро пронајден мртов

Најстариот син на поранешниот лидер на Куба Фидел Кастро бил пронајден мртов, пренесуваат кубанските државни медиуми, пренесувајќи дека најверојатно станува збор за самоубиство.

Фидел Кастро Дијаз-Баларт јуниор (68) бил пронајден вчера, а како што се пренесува во извештаите на тамошните медиуми, тој веќе со години се борел со депресија, пренесува BBC.

„Фидел Кастро Диаз-Баларт, кого веќе неколку месеци го лечеа врвни доктори поради депресија, си го одзеде животот“, пишуваат кубанските медиуми.

Најстариот син на Фидел Кастро бил познат и како „Фиделито“, поради неверојатната сличност со својот татко.

Како што пренесува BBC, тој бил нуклеарен физичар кој се школувал во некогашниот Советски сојуз. Се до смртта, бил ангажиран како научен советник во кубанскиот државен Совет, а бил и потпретседател на кубанската академија на науки.

Бил познат и по тоа што ја водел кубанската нуклеарна програма од 1980 до 1992 година, пред таа програма да биде укината, после распаѓањето на СССР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ