Швајцарците го прифатија олеснетото одобрување државјанство

Швајцарските гласачи на референдумот во неделата го одобрија олеснетото одобрување на државјанство за доселениците од третата генерација, и покрај антимуслиманската кампања на десницата, покажуваат првичните резултати од гласањето објавени во државните медиуми.

Со референдумот беа опфатени потомците на доселениците кои се родени во Швајцарија, помлади од 25 години, најмалку пет години се школувале во Швајцарија, имаат дозвола за престој во земјата и барем еден дедо или баба имаат дозвола за постојан престој. Ваквите услови ги исполнуваат околу 25.000 млади луѓе во земјата со осум милиони жители.

Повеќето избирачи и кантони, што е еден од условите за успешноста на референдумот, го прифатиле предлогот на владата, објави јавната телевизијата RTS I новинската агенција ATS. Предлогот го поддржале 59 отсто од Швајцарците кои излегле на референдумот, според агенцијата за испитување на јавното мнение gfs.bern.

Пратеникот од Демократската унија на центарот (UDC), партија којашто има најмногу пратеници во долниот дом од парламентот, Жан-Лук Адор, исто така, копретседател на комисијата против оваа реформа, го призна поразот.

„Бевме самите против себеси. Кога станува збор за проблематиката со исламот, стравувам дека за неколку години ќе нé стасаат“, изјави Адор за RTS.

Поборниците на предлогот да се олеснува добивањето државјанство на лицата родени во Швајцарија, чиишто родители и дедовци и баби, исто така живеат во оваа земја, сметаат дека е смешно да се бара од лица кои се родени и целиот живот таму живеат да докажуваат дека се интегрирани во општеството.

Противниците на предлогот, меѓу кои е и противдоселеничката Швајцарска народна партија (SVP), предупредуваат дека тој податок би им овозможил на муслиманските екстремисти да добијат швајцарски пасоши.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e