Шест ранети во два напади во Минеаполис

Најмалку шест лица се повредени денеска, во два вооружени напади во Минеаполис, во сојузната американска држава Минесота, соопшти полицијата.

Две лица се ранети во пукање во центарот на градот, околу еден часот по полноќ. Едното лице е најдено на местото на престрелката, додека другото побарало помош во околната болница.

Другиот напад се случил во близина, 15 минути подоцна. Полицијата таму нашла три ранети лица, тројца мажи и еден малолетник.

Петмина од ранетите добиле полесни повреди, а едно лице е во критична состојба, јавуваат локалните медиуми.

Мета

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e