Самоубиствен напад во Багдад – 17 мртви и 50 ранети

Најмалку 17 лица загинаа, а повеќе од 50 се ранети во три експлозии во шиитскиот дел на Багдад, соопшти ирачката полиција.

Бомбаш-самоубиец се приближил до група работници на градилиште во трговски кварт во Багдад и го активирал експлозивот што го носел на себе, при што убил девет и ранил 30 лица.

Вториот напад е извршен во улицата Баја, во западниот дел на градот, при што се убиени шест, а ранети 22 лица.

Бомба поставена покрај пат е активирана во близина на сточари и на трговци во Ал Радвани, исто така на западот на Багдад. Загинаа две лица.

Исламска држава ја презеде одговорноста за првиот напад, но не и за другите два.

Мета

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e