САД воведоа санкции против претседателот на Р.Српска, Милорад Додик

Поради опструкции врз Дејтонскиот договор, Соединетите Американски Држави воведоа санкции против Претседателот на Република Српска, Милорад Додик.

„Милорад Додик му се спротивстави на Уставниот суд на БиХ, го прекрши законот и претставува значителна закана во врска со спречувањето на спроведувањето на Дејтонската спогодба“, изјави Американската амбасадорка во БиХ, Морин Кормак.

Санкциите подразбираат забрана на патување во САД и замрзнување на имотот на територијата на САД, како и во сите земји кои ќе им се придружат на овие санкции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e