ОН регистрира зголемен број на убиени и повредени во источниот дел на Украина

Според податоците на ОН, бројот на жртвите во конфликтот во источниот дел на Украина се враќа на нивото од минатата година.

Во борбите меѓу проруските сепаратисти и украинските безбедносни сили од почетокот на конфликтот во 2014 година загинаа над 9.500 лица .

Службата на Комесаријатот на ОН за човекови права (УНХЦР) денеска соопшти дека во јуни во источниот дел на Украина настрадале 69 цивили, од кои 12 загинале. Тој број речиси двојно повеќе ги надминува жртвите од минатиот месец и е највисокиот од август 2015 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e