Рама најави економска поддршка на Албанците од југот на Србија

Премиерот на Албанија, Еди Рама, вчера во Белград се сретна со албанските политички лидери од југот на Србија и најави поддршка за економскиот развој на Прешево и на Бујановац.

По состанокот Рама изјави дека ја поддржува идејата за збратимување на овие општини со општините во Албанија и за заедничко конкурирање за средствата од претпристапните фондови на Европската Унија. Тој рече дека неговиот план е економски да им се помогне на овие општини, но со поддршка од Белград.

Претседателот на партијата за демократско дејствување (ПДД), Риза Халими, кој учествуваше на состанокот, изјави дека со Рама разговарале за „актуелните проблеми на Албанците во Прешевската Долина и воопшто во Србија“, како што е недостигот од учебници на албански јазик и проблемот со нострификацијата на дипломите од Косово.

Претседателката на Собранието на општината Прешево, Ардита Синани, рече дека „Албанците од Прешевската Долина имаат особено конкретни очекувања од српско-албанскиот деловен форум“, кој треба да се одржи утре во Ниш.

Извор Мета

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e