Путин во лов на банкари: Ќе ги казни сите кои што го прекршиле законот и побегнале во странство

Претседателот на Русија, Владимир Путин им наложил на властите и полицијата да одредат казнени мерки за банкарите кои што го прекршиле руското законодавство и побегнале во странство.
Рускиот претседател тоа го соопштил на состанокот со гувернерот на Централната банка, Елвира Набиулин.

Шефицата на Централната банка повикала да се најде решение на тој проблем на законско ниво и забележала дека 70 проценти од случаевите кога на банките им била одземена лиценцата од државата, сето тоа било поврзано со некакво перење на пари.

Треба да бидеме внимателни за сепак да не ја ограничиме слободата на луѓето, но треба и да им се даде гаранција на тие што вложуваат во банките, на државата и на луѓето дека нема криминални активности. Ајде сега овој налог јас да им го предадам на властите и полициските органи, па сите заедно да размислиме за тоа“, изјавил Владимир Путин, пренесува руската новинска агенција „Спутник“.

Рускиот банкарски систем во последните три години ги намалил услугите во криминалната сфера. Според зборовите на гувернерката, обемот на операции за извлекување на пари во странство се намалил од 1,7 билиони рубљи во 2013-та година, на 110 милијарди рубљи во првите шест месеци од 2016-та година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e