Пронајдени шест тела во затрупаниот хотел во Италија

Спасувачките екипи пронајдоа тела на шест лица кои загинаа откако снежна лавина го затрупа хотелот „Ригопијано“ во централниот дел на Италија. Спасувачите сè уште трагаат по 23 лица.

Италијанските медиуми јавуваат дека спасувачите вчера успеале живи да извлечат девет лица, од кои четири се деца.
Операциите за спасување продолжуваат иако се спроведуваат под исклучително тешки временски услови. Некои од спасувачите велат дека не се исклучува можноста да бидат пронајдени уште преживеани.

Италијанската полиција соопшти дека еден преживеан и тројца загинати биле пронајдени со следење на сигналот на нивните мобилни телефони.

Мета

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e