Прогласена вонредна состојба во Шарлот

Протестите во американскиот град Шарлот по смртоносното полициско насилство против еден Афроамериканец ескалираа. Едно лице е потешко повредено. Кој пукал во него сѐ уште е нејасно. Mобилизирана е и Националната гарда. – пишува Дојче Веле.

Гувернерот на американската сојузна држава Северна Каролина, Пет Меккрори прогласи вонредна состојба во градот Шарлот. Покрај тоа тој презема мерки за мобилизирање на националната гарда. За американската телевизија Си-Ен-Ен, тој изјави дека полицијата побарала ваква поддршка. Дури се заканува и воведување на полициски час. „Ова исто така е опција“, изјави гувернерот. За такво нешто меѓутоа одлука може да донесе градоначалничката на Шарлот, Џенифер Робертс.

Вчера, веќе втора вечер по ред стотици луѓе излегоа на улиците на Шарлот за да демонстрираат против полициското насилство. Тие се собраа во центарот на градот. Пред еден хотел во текот на протестите дојде до судири меѓу демонстрантите и полицијата. Специјалните полициски сили употребија солзавец против насобраната толпа. Потоа имаше и истрели од огнено оружје, од кои потешко повреден беше еден од учесниците на протестот.

Целиот текст прочитајте го тука

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e