ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД РУСИЈА ДО АМЕРИКА: Ја поминавте црвената линија

Заедничкиот команден центар на Русија, Иран и другите вооружени сили кои го поддржуваат сирискиот претседател, Башар Ал Асад порачаа денеска дека Америка ја поминала црвената линија.

Тие кажаа дека на нов напад ќе одговорат со сета сила, и ќе ја зајакнат поддршката за Асад.

„Она што САД го прави во Сирија ја поминува црвената линија. Од сега ќе одговориме со сила на било кој напаѓач или напад. САД ја знаат нашата способност за брза и силна реакција“ – велат од командниот центар.

Американскиот претседател. Доналд Трамп вели дека нападот на базата Шајрат во близина на градот Хомс ја извел со 60 ракети томахавк.

За Русија ова е илегална окупација и рекоа дека нема да се откажат од ослободување на Сирија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e