Со предлог-буџетот Трамп бара укинување на „Гласот на Америка на македонски јазик“

Предлог-буџетот на Белата куќа за 2018 година, кој е испратен до Конгресот предвидува укинување на „Гласот на Америка на македонски јазик“ и намалување на буџетот на „Радио Слободна Европа“ на македонски јазик.

Ова е единствено укинување и редукција на средства од сите сервиси во регионот. Нема никакви укинувања на сервисите на српски, албански јазик, во Босна, итн. Македонскиот е единствениот јазичен сервис, кој има укинување или редукции и во двата сервиси.

Во објаснувањето во документот на предлог- буџетот се вели дека емитувањето на „Гласот на Америка“ ќе се намали во Авганистан, Индонезија, Руанда и Бурунди, а се предвидува „елиминирање на програмите за Македонија“. Се предложува и потенцијално спојување на програмите во Латинска Америка и Куба.

Наспроти овој предлог, пак, стои објаснување дека „Гласот на Америка“ има зголемен број на публика на социјалните мрежи и зголемено влијание. Па така „Гласот на Америка на македонски јазик“ на социјалните мрежи има зголемување на публиката за 462 проценти.

Во однос на „Радио Слободна Европа“ (РСЕ) на македонски пак се предвидува намалување на буџетот за 200.000 евра што ќе значи намалување на бројот на вработените.

Во објаснувањето за овој сервис, се вели дека како медиумска мрежа на Балканот, РСЕ обезбеди сеопфатна покриеност на мигрантската криза, на политичките кризи во Србија, Косово, Македонија но и влијанието на Русија во регионот.

Сепак, предлог-буџетот на САД треба да биде усвоен од Конгресот.

Мета

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e