Позадината на националистичките митови на Самарас

Дали улогата на Самарас во последните националистички испади во Грција сепак има друга позадина, освен наводен патриотизам и загриженост за „иредентизам“ од страна на Македонија, анализираат дел од грчките медиуми деновиве.

Според последните информации кои грчките медиуми (documentonews.gr, Efsyn.gr, tovima.gr, tribune.gr) ги пренесоа откако обвинителството наодите од истрагата за Корупцискиот скандал во Грција со швајцарската фармацевтска компанија „Новартис “ги проследило до грчкиот парламент, таа ги опфатила и двајцата поранешни премиери Антонис Самарас и Панајотис Пикраменос, но и десетина други министри и поранешни високи функицонери (Евагелос Венизелос и Јанис Стурнарас (актуелен гувернер на Грчката национална банка), Адонис Георгиадис, Андреас Ловердос, Димитрис Аврамопулос, Александрос Ликурентпс, Георгиос Кутруманис и Ставрос Салмас).

Epirustoday во текст од 29-ти минатиот месец анализира дека Самарас својата политичка кариера ја изградил со дел од овие пари, а тој го создаде политичкиот проток презентирајќи го „Македоноборец“.

„Парите главно беа дадени за пропаганда околу името на Македонија. Но, наместо пропаганда да излегува, тоа се случуваше навнатре “. Се чини дека Андонис Самарас ја изгради својата политичка кариера со овие пари, а тој го создаде политичкиот проток презентирајќи го “Македоноборец“ (грч. Македономахос – така се нарекувале припадниците на грчките андартски чети кои во Македонија дејствувале од 1904-1908, за време на Отоманската империја) во моментот кога во голема мера го означи користењето на името “Македонија” од Скопје. Со пари за раководството на Македонија, со тајни средства наменети за извршување на надворешната политика, Антонис Самарас го реализираше долгорочниот стратешки маркетинг со кој ја изгради политичката кариера. Кариера како “Македонци” и како бунтовник на неговата фракција“, пишува Epirustoday.

Деманти дека имаат било каква врска со скандалот дадоа Панајотис Пикраменос, поранешен премиер (сега советник на претседателот на „Нова Демократија“ Констандинос Мицотакис), Венизелос поренешниот потпретседател и министер на ПАСОК.

Самиот Самарас во својот одговор кон откривањето на скандалот до актуелниот премиер Ципрас и неговата влада се закани со судски епилог.

-Ова е само уште една клевета од Ципрас – изјавил Самарас.

Според информации кои весникот Параполитика ги објави пред околу една година, аферата првично произлегла по објавување видео направено од вработени во компанијата во Грција, чија соджина укажува на тоа дека политичари биле заинтересирани да ги исполнат барањата на компанијата за да добијат пари од националната здравствена каса.

Во јануари минатата година министерот за правда Ставрос Контонис побара истрага по сведоштвата кои се појавиле во медиумите за плаќање поткуп на службеници од „Новартис“,

-При претресите во канцелариите кои се извршени во декември 2016-та година, биле запленети повеќе документи, поврзани со овие сомневања – пренесе пред повеќе од една година агенцијата „Ana Mpa“

Тогаш Атина побарала и помош од американската Комисија за хартии од вредност и берзи (SEC), која пред три години соопшти дека ја истражува фармацевтската компанија.

Според неофицијалната информација за овој случај двајца високи функционери во „Novartis“ во Грција предале на властите во САД документи за докажување на корупција на приватни лекари и вработени во јавниот систем за здравство во Грција – повеќе од 4.000 лица, за да ги промовираат производите на компанијата.

Од обвинителството побараа САД да испрати документацијата која се однесува на активностите на компанијата во Грција.

Компанијата „Новартис“, чие седиште е во Швајцарија, беше во центарот на вниманието на американските власти во 2014 година, кога беше судски гонета за случајот на давање поткупи за стимулирање на нарачките на некои нејзини медикаменти.

Во 2016 година слични судски процеси против истата компнаија беа отворени и во Турција и Јужна Кореја.

Извор: Либертас

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e