Постигнат договор: Ќе се продава милионскиот имот на СФРЈ во Њујорк

Следната недела на продажба ќе биде ставен имот на поранешна Југославија во срцето на Менхетен во Њујорк. Станува збор за огромна зграда – замок која се наоѓа на Петта Авенија, а во моментов е Амбасада на Србија во Обединетите Нации. Освен тоа ќе се продава и апартманот на истата авенија, познат како станот на Тито, иако тој таму престојувал само два пати и повеќе од две децении е празен.

Како што објави Њујорк Пост, земјите наследнички Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и Македонија, постигнаа договор да го продадат имотот во Њујорк.

Зградата-замок се протега на 4.400 квадратни метри, има 32 соби и 8 бањи. На пазарот ќе се појави неделава и според проценките ќе достигне цена до 50 милиони долари.

Во моментов во зградата се наоѓа амбасадата на Србија во Обединетите Нации, а следниот сопственик според најавите на агенциите со недвижности најверојатно ќе биде приватно лице и ќе стане семејна куќа.

Замокот е изграден во 1905 година од Варен и Ветmор, попознати како градители на Гранд Централ Терминал и други околни згради.

Кога била изградена чинела 60.000 долари, а по неколку години е продадена за 725.000 долари, и наводно бил најскапо продаден имот на Менхетен во тој период. Потоа неколку пати го менува сопственикот. По Втората Светска Војна е продадена на Југославија за само 300.000 илјади долари.

Во периодот кога била зграда во сопственост на владата, таму доаѓале многу светски лидери и станала позната по една невообичаеност: „таен спрат на врвот, соба обколена со метал позната како „кафезот на Фарадеј“ каде функционери од Советскиот сојуз можеле да обавуваат телефонски повици без опасност да бидат прислушувани“.

Прозорите на зградата со поглед на Централ Парк се отпорни на куршуми, и затоа била и привремено засолниште на Јосип Броз Тито за време на обидот од атентат во Валдорф Асторија хотел во 1963 година.

Целиот текст на порталот Фактор прочитајте го тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e