Почина милијардерот Дејвид Рокфелер

На 101 година од животот почина Дејвид Рокфелер.

Тој беше американски банкар и еден од најбогатите луѓе во светот, според списанието Форбс, вредноста на неговото богатство е околу $ 3 милијарди долари.

Тој е роден во Њујорк, и е најмладиот од шестте синови на Џон Рокфелер Џуниор, син на Џон Д. Рокфелер, основачот на нафтената компанија Стандард Оил.

Пред две години, успешно ја поднесе операцијата за трансплантација на шестото срце.

Компанијата “Стандард оил” дојде во центарот на вниманието поради незаконско создавање на монопол во 1911 година, кога со одлуката на властите на САД беше присилно поделена на 34 компании.

Дејвид Рокфелер често инвестираше пари, таму каде што беше во интерес и на Стејт департментот. Сепак повеќе од 40 години не ја криеше својата големо голема желба да стане министер за надворешни работи на САД.

Тој имаше огромно влијание во светот и е дел од најновата генерација, која ги концентрираше парите и моќта само во најтесниот кругот на семејството.

Како што е соопштено од страна на АП, се сретнал со повеќе од 200 шефови на држави во повеќе од 100 земји во текот на неговата кариера.

Тој се ожени со Маргарет Меграт во 1940 година и зад себе остави шест деца. Неговата сопруга почина во 1996 година.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e