Павлопулос: Инсистирањето на името „Македонија“ е фалсификување на грчката историја

Македонија нема да стане дел од европското семејство сè додека инсистира да го користи само тоа име и да шири иредентизам, порача грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос, во говор пред грчката Академија за одбрана. Според Павлопулос, ставот на Македонија да се инсистира името да биде само „Македонија“, е „провокација и фалсификување на грчката историја“.

– Сè додека инсистира да го користи името, кое освен фалсификување на историјата, шири и иредентизам, нема да има европска перспектива. Европското право ги исклучува кандидатите држави кои на каков било начин го оспоруваат статусот кво на границите на државите членки на ЕУ – истакна грчкиот претседател во говорот за грчката надворешна политика и за национални прашања.

Павлопулос и претходно, повеќепати изјавуваше дека „Македонија е една и грчка“, дека инсистирањето на името директно задира во територијалните граници и порачуваше дека ако македонската влада не направи компромис, ќе остане надвор од европското семејство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e