Паника во ЕУ: Европските земји се подготвуваат на драстичен воен потег, ова ќе ја промени сликата на светот

Тероризмот, насилното однесување, хаосот на Блискиот исток и секојдневните закани за земјите од Европа се некои од причините поради кои Европската унија сака да ги стави одбраната и безбедноста на врвот на својата агенда.

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, рекол неодамна во својот говор дека “Европа мора да зајакне и дека мора да има европски воен штаб кој ќе работи на воспоставување на заедничка воена сила”.

“Тоа би требало да биде потпора за НАТО”, рекол тој.

За идејата за некој вид заедничка војска, во Европа почнало сè посериозно да се расправа на состаноците на врвот.

Повеќето од тие идеи за подобрување на воената соработка помеѓу земјите членки не се нови, но некое време биле ставени на страна.

Новите предлози вклучуваат воспоставување на стални воени сили кои би планирале и изведувале воени и цивилни мисии во ЕУ.

Велика Британија на таа идеја долго време ставала вето, загрижена дека тоа би било скапо и дека би се дуплирале работите за кои НАТО е многу подобро опремен. Брегзит ја направил оваа идеја веројатна.

НАТО со тоа, изгледа, не би имал проблем, сè додека војската би останала релативно мала.

Другата цел во француско-германскиот план е нешто што се нарекува “константна структурирана соработка” или “PESCО”. Тоа би овозможило група од клучни земји во Унијата доброволно да преземат чекори кон поголема интеграција на нивните воени капацитети. Британија тоа нема да може да го спречи.

Односите помеѓу НАТО и ЕУ често биле тензични, но неодамна се поправиле. На самитот на НАТО во Варшава ова лето тие две организации дале заедничка изјава за тоа дека ќе работат заедно против новите закани како сајбер нападите, мигрантите и хибридното војување.

За поврзани вести продолжете надолу

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e