Откриен сопственикот на изгореното возило пронајдено по убиството на Ивановиќ

Косовската полиција го идентификуваше сопственикот на запаленото возило, пронајдено во Косовска Митровица по убиството на лидерот на Граѓанската иницијатива СДП, Оливер Ивановиќ, изјави регионалниот шеф на косовската полиција, Жељко Бојиќ.

Тој за агенцијата Бета вели дека се работи со полна пареа и дека е формиран специјален тим кој се бави исклучиво со истрагата за вчерашното убиство на Ивановиќ. Според неофицијалните информации на кои се повикува Бета, запаленото возило кое е пронајдено вчера претпладне на улицата Војвода Путник, му припаѓало на постар Австриец со српско потекло, кој е починат одамна.

Ивановиќ беше застрелан вчера со шест куршуми во Косовска Митровица на влезот на партијата која што ја формираше.

Извор: Макфакс

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e