Осуммина повредени во вооружен напад во Франција, меѓу нив и девојче

Осум лица а меѓу нив и едно девојче се полесно повредени во вооружен инцидент кој се случи пред џамија во францускиот град Авињон синоќа.

Двајца напаѓачи излегле од автомобил и од ловечка пушка започнале да пукаат по минувачите.

Според обвинителството мета на нападот не била џамијата.

Вооружениот инцидент во Авињон се случил неколку дена по обидот на еден маж да изврши напад врз џамијата во Кретеј. Во овој инцидент немаше повредени.

Полицијата потоа ги засили контролите пред џамиите во Франција.

Во Франција и понатаму трае “вонредната состојба’ воведена во 2015 година по терористичките напади во кои загинаа 239 лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e