Ослободен Рамуш Харадинај

Поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај да биде ослободен од притвор додека ја чека одлуката за можната екстрадиција во Србија, вака одлучи Судот во Франција. Тој ќе остане под судски надзор додека се разгледува неговиот случај.

Баран е од Србија под сомнение за извршени воени злосторства, вклучително и киднапирања и тортура, додека бил герилец за време на косовската војна во 1998-99 година.

Според косовскиот премиер Иса Мустафа, потерницата на Србија за Харадинај е „целосно нелегална и неправедна“ и дека „му штети на европскиот интегративен процес на регионот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e