Албанските и косовските граѓани и понатаму се најбројни меѓу граѓаните од европските земји по бројот на баратели на азил во некоја од земјите членки на ЕУ.
ЕВРОСТАТ наведува дека лани азил во земјите на ЕУ побарале 28.925 албански граѓани.
Најпосакувани држави биле Германија и Франција, каде азил побарале 14.855 односно 6.850 албански граѓани.
Исто така и Косово бележи значителен раст на азиланти.Така,лани околу 89 илјади косовски граѓани побарале азил во некоја од земјите на ЕУ.
По Косово и Албанија, по бројот на баратели на азил од европските земји е Русија со околу 23 илјади азиланти.
Инаку, според ЕВРОСТАТ во текот на минатата година 1,2 милони луѓе аплицирале за азил во ЕУ.Најголем број се од Сирија,334.820 лица, потоа е Авганистан па Ирак.