Огромен процент од Грците се незадоволни од политиката на СИРИЗА

Големо незадоволство на мнозинството граѓани во Грција од политиката на Алексис Ципрас и СИРИЗА покажува неделната анкета за весникот „Авги“. Левичарскиот весник, кој со години важи за гласило на СИРИЗА, изненади со анкета според која 85 отсто од испитаниците сметаат дека државата се движи во погрешен правец.

Од испитаниците 90 отсто се изјасниле како незадоволни од работата на владата. Граѓаните се незадоволни и од опозицијата. Дури 80 отсто од испитаните изјавиле дека се незадоволни како функционираат и опозициските сили, а 45 отсто од граѓаните сметаат дека ниту СИРИЗА ниту Нова демократија не се добро решение за водење на државата.

Сепак, ако мора да бираат меѓу двете опции 36 отсто изјавиле дека Нова демократија е подобро решение за Грција, додека, пак, само 14 отсто ја поддржале владата на СИРИЗА и Нова демократија. Кирјакос Мицотакис изгледа попопуларен како опција за премиер со поддршка од 42 отсто од испитаниците, а Ципрас го поддржуваат 23 отсто од граѓаните.

Мета

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e