Нема веќе детски додаток во Германија!

Германија бара начин да го намали детскиот додаток за мигранти од земји кои не се дел од ЕУ.

Државјаните на други земји кои не се членки на ЕУ а работат во Германија имаат право на детски додаток и доколку нивните деца живеат во некоја друга земја членка на ЕУ, што наиде на многу критики од членовите на националистичките партии.

Портпаролката на германското Министерство за финансии изјави дека предложениот закон ќе ја прилагоди исплатата на детскиот додадок за децата на мигрантите кои живеат надвор од Германија. Таа истакна дека законот е во почетна фаза и дека прво треба да се направи измена на некои закони на ЕУ.

Според проценките на експертите, со оваа одлука Германија може да заштеди 160 милиони евра годишно.

Со оваа мерка ќе се намалат приходите на неколку илјади странци кои работат во оваа земја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e