Набљудувачи тврдат дека постојат сомневања за 2,5 милиони злоупотребени гласачки ливчиња на референдумот во Турција

Неправилностите на референдумот во Турција може да го променат резултатот од гласањето, изјави Алев Корун, австриски член на европската мисија набљудувачи од ПССЕ.

– Постојат сомневања дека 2,5 милиони гласачки ливчиња се злоупотребени, изјави Корун кој е член на австрискиот парламент.

– Тоа е поради фактот дека законот дозволува само прифаќање официјални гласачки ливчиња. Изборната комисија одлучи, што е противзаконски, дека гласачки ливчиња без печат ќе може да се сметаат за валидни, додаде тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e